Владев: Го оживеавме овој голем ден за Свети Николе со голем број на културно уметнички содржини

Најава за средби со граѓаните на градоначалникот на Свети Николе Дејан  Владев

Почитувани,

Повторно да го оживееме овој традиционален ден со многу бројно културно уметнички содржини. Еве денеска од десет часот започна најдолгото оро кое што е традиција на Свети Николе и во кое што учествуваат 13 културно уметнички друштва од Република Македонија и од соседна Бугарија и Црна Гора.

Сега оваа година прв пат се одржува на отворено, на бина за да веднаш после тоа ќе продолжи со културно уметничка програма со која што ќе настапуваат групи, рок групи од Свети Николе и главна група ќе биде групата ДНК.

Продолжуваме и со традиционалниот панаѓур каде што има тезги, традиционално на кои што се радуваат граѓаните на општина Свети Николе и од соседните општини, а и доста граѓани светиниколчани кои што се иселени во други градови и нормално во дијаспората и соседните држави.

Затоа сакам да им го честитам на сите светиниколчани овој голем ден, а сите кои што го носат името на овој светец Св. Теодор им го честитам именденот и среќна слава на сите оние кои што ја слават оваа слава.