Стојаноски: СДСМ, Левица и ДУИ застанаа против дијаспората

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, ја обвини опозицијата дека е одговорна за неусвојувањето на Изборниот законик во законскиот рок, оценувајќи дека со тоа државата ќе остане без 4,2 милиони евра од европските средства.

Во објава на Фејсбук, Стојаноски посочи дека денеска, 15 јули, е последниот рок за усвојување на Изборниот законик, но дека веќе е извесно оти законските измени нема да бидат донесени.

-Денеска е 15-ти јули, последниот рок за усвојувањето на Изборниот законик кој е јасно дека нема да биде усвоен.

И покрај тоа што за мнозинството сите услови што ги постави опозицијата беа прифатени, опозицијата не се договори за заеднички прифатлив текст.

Заради ова однесување, Македонија нема да има 10/10 исполнети обврски и ќе загуби 4,2 милиони евра – пари со кои што ќе можеше да се реализираат повеќе проекти.

Да остане забележано кој застанал против дијаспората и против граѓаните на Република Македонија, пишува на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK