Приведен е 16-годишникот што со остар предмет нападнал друг малолетник во скопски Сарај

Расправија меѓу малолетници во Сарај завршила со нож и тешка телесна повреда. Полицијата приведе 16-годишник, а против него ќе биде поднесена кривична пријава. Според СВР Скопје, инцидентот почнал пред угостителски објект, каде дошло до физичка пресметка меѓу малолетници.

Кратко потоа, пред продажен објект, 16-годишникот повторно се сретнал со 14-годишното момче, се вели во соопштението. Со нож му нанел тешка телесна повреда. Повредениот возвратил со тврд предмет и го повредил напаѓачот.

Полициски службеници го лишиле од слобода 16-годишникот во текот на ноќта, кон 01:35 часот. Во полициска станица со него бил извршен службен разговор во присуство на родител и адвокат.

По целосно расчистување на случајот ќе следува кривична пријава.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK