Премиерот Мицкоски утре во посета на општина Дебарца
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре (18 јули, сабота) со почеток во 13:00 часот ќе ја посети општина Дебарца.
Во рамки на посетата, премиерот ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на локалниот пат од селото Мешеишта до селото Волино, како и во реконструкцијата на улица во селото Волино, на делницата кон манастирот „Св. Петка“.
По увидот во градежните работи, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.
Comments are closed.