ПО ГОДИНА ДЕНА ВО БЕГСТВО: Уапсен Македонецот обвинет за обид за убиство на член на Шкаљарски клан

Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Андреј Танасковски е уапсен во Никшиќ, Црна Гора, во полициска акција поврзана со истрагата за обидот за убиство на Марко Љ., жител на Будва, познат како Кан, кој според црногорските медиуми е висок член на Шкаљарскиот клан.

Според полициски извори, Танасковски бил пронајден во изнајмен стан во населбата Видрован во Никшиќ. Заедно со него бил уапсен и Н. Марковиќ (34) од Никшиќ, кој е осомничен дека му помагал да се сокрие.

Танасковски се сомничи за обидот за убиство што се случил на 7 август 2025 година во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Будва. За него била распишана меѓународна потерница преку НЦБ Интерпол Подгорица.

„Во акцијата беше пронајден и, според меѓународна потерница издадена од НЦБ Интерпол Подгорица, лишен од слобода е А.Т. (19), државјанин на Северна Македонија, осомничен за обид за убиство на член на спротивставена криминална група“, соопшти црногорската полиција.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK