Денеска не патувајте во Грција: Штрајкуваат грчките цариници, ќе има голем метеж на граница
Грчките царински служби денеска ќе штрајкуваат, поради што се очекуваат големи гужви на граничните премини Евзони, Дојрани и Ники.
Патниците што патуваат во Грција или се враќаат од таму треба да очекуваат бавен сообраќај и подолги застои на одредени гранични премини поради штрајкот на грчките царински служби.Според достапните информации, прекинот на работата се однесува на премините Евзони, Дојрани и Ники.
На премините Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија), патничките возила ќе бидат пропуштени еднаш на секои 10 минути во периодот од 6 до 10 часот по грчко време, додека товарниот сообраќај е целосно прекинат.
Поради овој режим, се очекуваат подолги застои и формирање редици, особено на преминот Евзони, кој е најфреквентен за туристите кои патуваат во одморалиштата во Грција.
Comments are closed.