Исплатени над 2 милијарди денари за 15.144 тутунопроизводители

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека е реализирана исплата во износ од 2.028.714.243 денари кон 15.144 тутунопроизводители.

Како што соопштуваат од Министерството, станува збор за директни плаќања за произведен и продаден тутун од реколтата 2025 година.

Од ресорното министерство посочуваат дека оваа рекордна исплата претставува силна поддршка за тутунопроизводителите, како и признание за нивниот труд и придонес во земјоделското производство.

Тутунот, како што се наведува, останува една од стратешките земјоделски култури во државата, со значајна улога во македонската економија и егзистенцијата на голем број семејства.

Министерството најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со креирање и спроведување мерки насочени кон одржлив развој на земјоделството и поддршка на земјоделските производители.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK