(ВИДЕО) Митески објави видео снимка од надзорна камера на која се гледа како неколкумина млади вандализираат во Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески објави видео снимка од надзорна камера на која се гледа како млади лица превртуваат контејнери и ги шутират.

„Два дена по ред, околу 22:30 часот, иста група млади лица со мотори вандализира училишен двор во Аеродром. Превртуваат контејнери, оштетуваат урбана опрема и оставаат неред во простор наменет за учениците и граѓаните“, напиша Митевски.

Градоначалникот напиша дека сите лица се идентификувани и е поднесена соодветна пријава.

„За жал, вакво однесување е забележано на повеќе локации низ општината, со уништување на урбана опрема, детски игралишта и други јавни содржини. Поради тоа, во соработка со МВР ќе бидат засилени контролите и надзорот на критичните локации.
Погледнете го видеото и видете како изгледа неодговорното однесување кое нема да биде толерирано“, напиша Митевски.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK