Бремена малолетничка е примена во болница со породилни болки, полицијата ја приведе нејзината мајка

Во Ј.З.У. „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја уапсија 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата дека кај нив е донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки.

Со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен обвинител.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK