Трамп: Утрешниот рок за постигнување договор со Иран е конечен
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека е конечен крајниот рок до вторникот, што го постави за Иран да постигне мировен договор, додавајќи дека иранскиот предлог е значаен, но не е доволно добар.
„Тие дадоа предлог и тоа е значаен предлог. Тоа е значаен чекор. Не е доволно добар“, рече Трамп.
„Војната може да заврши многу брзо доколку го направат она што мораат. Мора да направат одредени работи. Тие го знаат тоа, мислам дека преговараа со добра волја“, рече американскиот претседател на годишниот велигденски настан во Белата куќа.
Додаде дека е лут на иранската влада и дека Иран ќе плати голема цена.
Претходно во понеделникот Иран на Пакистан му го пренесе својот одговор на предлогот на САД за прекин на огнот, отфрлајќи го прекинот на огнот и нагласувајќи ја потребата од траен крај на војната. Одговорот на Иран се состои од десет точки, вклучително трајно запирањње на американско-израелските напади, протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, укинување на санкциите и обновување на земјата, објави официјалната иранска новинска агенција IRNA.
Трамп претходно се закани дека „пеколот ќе падне“ врз Техеран доколку до вторник вечерта не постигне договор со кој ќе се отвори сообраќајот низ теснецот, клучен морски премин за снабдувањето со енергенси во светот.
Мировниот план, посредуван од Пакистан, произлезе од контактите остварени во текот на ноќта кон понеделникот. Планот предвидува итно прекин на огнот и продолжување на преговорите за посеопфатен мировен договор што би бил склучен во рок од 15 до 20 дена, изјави за Reuters извор запознаен со разговорите.
Началникот на пакистанската полиција, фелдмаршалoт Асим Мунир, бил во контакт „цела ноќ“ со американскиот потпретседател ЏејДи Венс, специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, додал изворот.
Comments are closed.