Ново семејно насилство: Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, а четирите деца ги затворил во тоалет!

Во СВР Скопје, вчера, 31-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот.

Според пријавеното и нивните четири малолетни деца ги заклучил во тоалетот. Љ.И. кажала дека и претходно била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираше МВР.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK