Над 10 лица уапсени во акција за нелегален ботокс и филери

Во обемна полициска акција приведени се повеќе од десет лица осомничени за нелегален увоз и дистрибуција на ботокс и филери.

Според првичните информации, меѓу осомничените има дерматолози, вработени во болницата „8 Септември“, како и сопственици на приватни ординации.

Акцијата е реализирана по налог на Обвинителството за организиран криминал, при што биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола.

Истражните органи се сомневаат дека групата на организиран начин набавувала медицински препарати без соодветни дозволи и контрола, кои потоа биле дистрибуирани и користени во естетски зафати.

Против осомничените се поднесени сомневања за повеќе кривични дела, меѓу кои злосторничко здружување, примање поткуп и злоупотреба на права од индустриска сопственост.

При претресите биле пронајдени и одземени значителни количини медицински препарати, пари, мобилни телефони, како и луксузно возило.

Засега нема официјална потврда дали спорните препарати биле употребувани врз пациенти, ниту дали има евентуални последици по нивното здравје.

Надлежните институции продолжуваат со истрагата.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK