Детали за монструозен случај во Гостивар: 15 годишен малолетник цела година ја вознемирувал својата помала сестра, за на крај да ја силува
МВР информира дека на ден 28.04.2026 во 09:20 часот во Гостивар, полициски инспектори од ОВР Гостивар, во присуство на социјален работник, лишиле од слобода 15-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека полово ја вознемирувал и извршил полови дејствија над неговата малолетна сестра.
Во службен разговор во присуство на претставници од Меѓуопштински центар за социјални работи Гостивар, малолетничката појаснила дека вознемирувањето започнало пред околу една година преку пораки со непристојна содржина, а подоцна продолжило со физички допири и обиди за присилување на сексуални односи.
Според исказот, пред три месеци, малолетникот со употреба на физичка сила извршил полово дејствие врз неа.
Малолетничката е предадена на грижа на Центарот за социјални работи Гостивар за понатамошна заштита и постапување,
Comments are closed.