(ВИДЕО) МВР потврди дека е упасен Артан Груби на „Блаце“

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.

Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.

Откако станал недостапен за органите на прогонот, на Груби му бил одреден 30-дневен притвор во отсуство. Се претпоставува дека целиот овој период Груби бил во Косово каде заминал со возило со дипломатски таблички во придружба на познат бизнисмен.

Груби како раководител на владина седница го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека Лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа. Ревизијата покажа дека над 180 милиони денари или близу 3 милиони евра биле спорни во Државната лотарија, дека имало невалидна или неуредна документација.

На владина едница со која раководел Груби било донесена одлука со која се отуѓи државно земјиште на фирмата на сопругата на Димитар Ковачевски за изградба на фотоволтаици по цена од 70 денари за еден квадратен метар.

Груби од 9 декември 2024 е на црната листа на САД поради „вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси“, поради негова поврзаност со застареноста на предметот „Таргет-Тврдина“.

По бегството, од неговата партија ДУИ соопштија дека Груби треба да се појави пред органите на правдата и да го расчисти случајот, а воедно и да се повлече од јавниот и партискиот живот.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK