Неофицијално: Над 10 лица уапсени во голема полициска акција за даночно затајување, меѓу нив поранешни пратенички од СДСМ, сопруга на познат доктор, газда на бензински пумпи
Неофицијално уапсени се повеќе од 10 лица во големата полициска акција попладнево во која се бараат докази за големо даночно затајување. Според Нетпрес, меѓу уапсените има вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе македонски медиуми ја пренесоа веста.
4news објави дека, наводно, меѓу уапсените се и поранешни пратенички на СДСМ, сопственик на бензински пумпи и сопруга на познат доктор.
Овие информации се непотврдени. Се чека официјално соопштение од надлежните институции.
Comments are closed.