Тажен крај: Исчезнатиот 28-годишен Миле Тодоров од Неготино е починат

Случајот со 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино кој исчезна во јануари годинава и по кого семејството и полицијата трагаше подолго време има тажна завршница. Неговата сестра Марија објави дека е починат:

„ЛЕТАЈ СО АНГЕЛИТЕ, МИЛО НАШЕ.Нашите срца ќе останат празни без твојот глас, љубов, добрина, насмевка… Болната е голема, но спомените за тебе ќе останат вечни во нашите срца
Почивај во мир и спокој. Погребот ќе се изврши на 05.12 (петок) од 12 до 13 часот“.

Детали за причините и околностите околу смртта не се соопштени.

 

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK