Акција на МВР: Уапсен Бујар Дарлишта од ДУИ, поранешниот директор на Управата за матични книги, заедно со уште десетина лица вмешани во корупција и перење на пари
Ноќеска и рано изутринава полицијата спроведе акција на повеќе локации низ државата, при што се приведени повеќе од десет лица. Меѓу нив има и поранешен директор, лице кое во минатото било високо етаблирано во структури поврзани со ДУИ. Станува збор за Бујар Дарлишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги.
Акцијата започнала во текот на ноќта меѓу 17 и 18 декември 2025 година од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР, во координација и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Според досегашните информации, станува збор за сузбивање на организирана криминална група осомничена за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал.
По претходно обезбедени судски наредби, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово. Неофицијално, при претресите до сега се пронајдени и одземени пари во различни валути, мобилни телефони, лаптопи, хард дискови, како и финансиска и друга релевантна документација.
Comments are closed.