Српски државјанин се обидел да изнесе 94.000 евра преку „Табановце“

Србин вчера на цариниците на граничниот премин „Табановце“, на излегување од земјава, им кажал дека со себе носи помалку од 1.000 евра, меѓутоа тие се посомневале и направиле претрес – при што нашле вкупно 94.000 евра во неговиот автомобил.

Царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото и притоа на совозачкото седиште под машка јакна во црна рачна торбичка пронашле 44.000 евра, а во багажниот простор на возилото во црна кожна ташна биле пронајдени дополнителни 50.000 евра или вкупно 94.000 евра, за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило.

Вратени му се 10.000 евра, сума која согласно Законот за девизно работење нерезидентите можат без да пријават да ja изнесат од државава, а останатиот износ од 84.000 евра се привремено одземени, соопшти Царинска управа.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK