Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадаци и пратеник
Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и пратеник, Имаше 67 години.
Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на Собранието. Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав (1990–1998), а подоцна повторно стана пратеник преку ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
Со длабока тага ја примив веста за смртта на Панчо Минов поранешен градоначалник, пратеник и човек со големо срце. Имав чест да бидам негов колега во Собранието и да научам многу од неговото искуство, мудрост и човечност. Панчо беше политичар со став, но пред сè човек со мерка, со достоинство и со чувство за јавен интерес. Неговата посветеност кон граѓаните, неговата умереност и почитта со која се однесуваше кон сите, ќе останат пример за тоа како треба да изгледа вистинското служење на народот, објави Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица.
Од Општинската изборна комисија Кавадарци за МИА информираат дека утрово добиле информација дека Минов починал за што ќе ја известат Државната изборна комисија.
„Утрово добивме потврдена информација. Починал Панчо Минов. Сега ние ќе известиме до Државна изборна комисија, има законски пропишана постапка, во случај на смрт на еден од кандидатите, особено носител на советничка листа. Мислам дека не се отштампани уште ливчињата. Натаму, ќе ни кажат што, како да постапиме. Ваков случај првпат сега имаме“, рече Емилија Петровска, претседател на ОИК.
Comments are closed.