ОПОЗИЦИСКИТЕ МЕДИУМИ ШИРАТ ЛАЖНИ ВЕСТИ: Демант на Јорданчо Јанев, баџанак на премиерот Мицкоски

Одговорно тврдам дека станува збор за лажна информација, и на никој начин ниту сум ургирал, ниту сум вршел било каков притисок, врз било кого да не се напише казна. А доказ е за тоа е што споменатото лице уредно ја платило казната, бидејќи без оглед на се и без оглед на било каква припадност и поврзаност законот мора да важи за сите, пишува Јанев во својата објава на Фејсбук.

Медиумите имаат права, но и обврски. Дел од тие обврски е да известуваат точно и да лиферуваат проверени информации, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Јорданчо Јанев, баџанак на премиерот Мицкоски.

Одговорно тврдам дека станува збор за лажна информација, и на никој начин ниту сум ургирал, ниту сум вршел било каков притисок, врз било кого да не се напише казна. А доказ е за тоа е што споменатото лице уредно ја платило казната, бидејќи без оглед на се и без оглед на било каква припадност и поврзаност законот мора да важи за сите.

Ја разбирам и какафонијата во опозицијата која е и инспиратор на ваквите дезинформации и нивните стари навики за корупција, но ова е друго време.

Доколку медиумиот не ја повлече лажна вест и не се извини ќе покренам правни средства и тужба. Времето на корупција, лаги и врски завршува, а промените почнуваат од сите нас, вели во објавата Јанев.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK