Македонецот Волкановски по спектакуларна борба повторно стана УФЦ-шампион (Видео)

Александар Волкановски по пет рунди голема борба успеа да го победи Диего Лопез и да го врати трофејот во ММА светски шампион во лесна категорија.

Австралијанецот со македонско потекло до историската победа стигна со едногласна одлука на судиите (48-47, 49-46, 49-46). На тој начин Волкановски стана првиот борец во историјата на УФЦ со 35 или повеќе години кој победил на борба за појас во категориите од мува до лесна.

„Добро е што се вратив. Никогаш не сум почувствувал толку љубов. Им ветив на моите девојки дека ќе им го вратам појасот. Мислам дека многу луѓе не веруваа во мене, бидејќи дојдов после два порази со нокаут. Овој момент е неверојатен“, изјави Волкановски.

Инаку, Волкановски на оваа борба настапи со опрема на која имаше и македонски симбол – осумкракото сонце.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK