Касами: Секој што соработува со Али Ахмети не може да биде дел од Владата
Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, денеска за случувањата во ВЛЕН, како и за иднината на Владата по одлуката на АА на Арбен Таравари да излезе од коалицијата ВЛЕН, рече дека без разлика на бројот на пратеници, ВЛЕН има право да ги претставува Албанците, мислејќи на гласовите на последните парламентарни избори.
Тој нагласи дека во наредните денови ќе се донесе одлука во рамките на владината коалиција и додаде дека очекува да се зголеми бројот на пратеници кои ќе бидат дел од владејачкото мнозинство.
„Добивме легитимитет со 107 илјади гласови на последните избори како коалиција на албанските партии. Сметаме дека ВЛЕН има право да ги застапува Албанците. Секој субјект што ќе излезе од ВЛЕН ја нема поддршка од гласовите, без разлика на бројот на гласови, ВЛЕН ќе продолжи да има легитимитет. Но, очекувам наредните денови кога ќе донесеме формална одлука за следните чекори на Владата, бројот на пратеници да се зголемува а не да се намалува“, рече Касами.
„Неприродно е политички субјект што е во власта, а соработува со опозицијата. Ние како ВЛЕН ја донесовме одлуката која е позната во јавноста, сега во координација со другите партнери на Владата ќе ја донесеме одлуката за судбината на Владата и владината коалиција. Секој што соработува со ДУИ и Али Ахмети, кои ги обвинуваме и продолжуваме да ги обвинуваме за криминал и корупција за 20 години, не може да биде дел од Владата. Повторно велам, тоа е формална одлука што мора да ја донесеме како партнери на владината коалиција“, рече меѓу другото Касами.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.