Верижен судар попладнево на „Партизанска“

Тешка сообраќајна несреќа се случи пред  малку повќе  од половина част попладнево на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Влае.

Засега не се познати околностите во кои се случила несреќата, а според првичните информации има повредени но засега не е познат степенот на повредите. Повикана е полициска екипа за увид.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека е примена информација за сообраќајна незгода на споменатата локација, но  дека подоцна ќе  дадат повеќе информации. Според нивните првични сознанија, за среќа, нема посериозно повредени лица.

Како што може да се види од снимките, веројатно во инцидентот се вклучени повеќе возила.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK