Уште еден земјотрес стресе во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринававо 9 часот и 18 минутирегистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Штип – Радовиш на 70 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.7.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресоте почувствуван во Штип и околинатасо интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран и рано утринава во 1 часот и 50 минути.

Епицентарот на земјотресот е од подрачјето Дебар, на 80 километри југозападно од Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил почувствуван во Дебар и околината.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.