Онколошки пациенти: Во 2022, 6 месеци останавме без биолошка терапија, не 6 дена

Група онколошки пациенти се обратија до нашата редакција, и тврдат дека се вчудоневидени од изјавата на лидерот на опозицијата, Венко Филипче според кој во време на нивното владеење, немало нитуеден пациент без лек.

– Реалноста не се гледа кога си во опозиција. Филипче да го потсетиме дека не 6 дена, туку речиси 6 месеци или пола година во 2022 година за време на нивното владеење на Онкологија недостасуваше биолошка терапија, а според нашите сознанија лично тој одлучил да се скратат средствата, а јавноста памети и дека наместо со лекови пациентите добивале физиолошки раствор, стои во писменото обраќање на пациентите, пренесе Курир.

Наместо со политиканство и говорење празни флоскули, кои немаат допир со реалноста му препорачуваме малку да се наврати на својот мандат и да проговори за своите дела и постапки, оставајќи ја Онкологија во девастирана состојба и преполовен кадар, како и со скапи апарати кои фаќаат прашина во магацини, заклучуваат тие.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.