Среќно лавови! – Премиерот Мицкоски и министерот за спорт Ристовски им посакаа среќа на македонските ракометари на СП

Претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски, присуствуваа на подготовките на машката сениорска ракометна репрезентација. На ракометарите и стручниот штаб им ги честитаа празниците и им посакаа успех на претстојното Светско првенство.

Во знак на благодарност за поддршката, селекторот Лазаров на премиерот Мицкоски му подари персонализиран дрес.

Македонија на Мундијалот во групната фаза ќе игра во Вараждин во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Воедно селекторот Лазаров во знак на благодарност за поддршката му подарил персонализиран дрес на премиерот Мицкоски.

Работниот дел од денот го завршив на тренинг заедно со Борко Ристовски, раководството на ракометната федерација на Македонија, стручниот штаб на ракометната репрезентација и македонските лавови, ракометни репрезентативци. Последните тактики и насоки од Кире прават невозможното да стане возможно. Овие момци ќе го остават срцето на терен. Тренингот заврши со познатиот спортски поздрав…, за когоооо? За Македонијаааа. Среќно лавови, напиша Мицкоски.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.