Мицкоски: Сè што договоривме со Синдикатот за повисоки плати во здравството, како Влада ќе го испочитуваме, продолжува растот на плати
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање поврзано со тоа дали Владата ќе го почитува договорот за повисоки плати во здравството посочи дека оваа Влада ги почитува сите договори дури и тие преземени од претходната Влада.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање поврзано со тоа дали Владата ќе го почитува договорот за повисоки плати во здравството посочи дека оваа Влада ги почитува сите договори дури и тие преземени од претходната Влада.
-Владата секако дека ги почитува договорите, па дури и оние коишто се преземени како обврска од претходната Влада, но тоа е што е, а камо ли па своите договори. Ние имаме договор со синдикатите, постигнавме историски договор со синдикатите на долг рок во следните четири години и после оние првични 10% зголемување на паричната маса за исплата на плати, па во рамките на таа парична маса кај техничкиот персонал имаме поголемо процентуално зголемување, кај докторите помало, но генерално оние 10% зголемена парична маса во октомври се случи, односно од ноември за октомври, истото тоа сега ќе се случи од април за март практично, тие 5% ќе се зголеми и така ќе се зголемува во следните 4 години. Рековме доколку буџетот дозволува просечно таа парична маса за исплата за плата на вработените во здравството ќе биде зголемена до 50%, нешто што претставува историски голем успех би рекол и ќе продолжиме понатаму да го подржуваме здравството, објасни премиерот Мицкоски.
Претседателот на Владата Мицкоски посочи дека во наредниот период ќе има и структурни реформи во здравството за граѓаните да ја добијат здравствената услуга која им е потребна.
-Сега ќе следат и структурни реформи во овој процес и мислам дека со тек на време граѓаните ќе ја добијат онаа здравствена услуга којашто им е потребна. Тука ве молам да не ги заборавиме и оние специјализанти коишто исто така рековме ќе бидат вработени, обезбедивме средства за истите и истите тие ќе бидат вработени, да не биде голгота како до сега, по принципот како до сега, кажа премиерот и додаде:
„Да не заборавиме и дека повеќе од 1.000 нови вработувања ќе имаме во здравството, нешто што го ветуваше и министерот за здравство. Процедурата е почната само треба оние формални чекори да бидат завршени, така што навистина многу внимание ќе посветиме и посветуваме на здравството.“
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.