Се огласи Ковачевски по кривичната пријава: Секогаш сум работел согласно законите

Поранешниот премиер, а сега пратеник во Собранието, Димитар Ковачевски денеска изјави дека во целото негово работење и како премиер и како заменик-министер за финансии, се водел согласно законите, откако МВР поднесе кривична пријава против осум лица, вклучително и против него, за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Се надевам дека институциите целиот тој процес ќе го водат на непристрасен и на професионален начин така како што треба. Она што можам да го кажам е дека во текот на моето работење и како претседател на Владата и како заменик-министер за финансии сум се водел секогаш од законите, секогаш сум работел во согласно со нив. Ние немаме на ниту еден начин учествувано во работењето на кое било јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост, изјави денеска Ковачевски во Собранието.

МВР вчера ги објави деталите од кривичната пријава која ја поднесе против осуммината за случајот „Лотарија“ меѓу кои е и поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот генералниот секретар на владата Методија Димовски.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 13 декември 2024 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и корупција-Сектор за криминалистички истраги-Единица за корупција до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против осум лица за „злоупотреба на службената положба и овластување“,„примање поткуп“ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ во случајот со Државната лотарија на Република Македонија.

Со кривичната пријава се опфатени П.Б. (31) за „злоупотреба на службената положба и овластување“  чл.353 ст.4, „примање поткуп“ чл.357 ст.4 и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ предвидено и казниво по чл. 275-в ст.3 од КЗ, против А.Г. (47) од Скопје за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ чл. 275-в ст.3 в.в. член 24, против Д.К. (50) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, против М.Д. (58) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, против В.П. (41) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4 и продолжено кривично дело „примање поткуп“ предвидено и казниво по чл.357 ст.1 в.в. чл.45, против А.А. (36) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, против Н.Х. (52) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4 и кривично дело „примање поткуп“ предвидено и казниво по чл.357 ст.1 и против М.З. (38) од Тетово за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.