Полициски началник: Однесувањето на Александар беше чудно и конфузно, постојано повторуваше дека Вања е киднапирана и убиена
Првата средба со родителите на Вања беше во ЕБР центар, а таткото Александар беше чудно и конфузно и беше потиштен. Мајката беше поприбрана, објасни сведокот на Обвинителството Музафер Калишиќ, помошник началник на СВР Скопје кога се случи убиството на Вања Ѓорчевска, на денешното рочиште за случајот со убиствата на малолетното девојче и велешанецот Панче Жежовски, кое денеска продолжи во Основниот кривичен суд во Скопје.
Калишиќ објасни каде ја барале Вања.
Инсистирав да одиме во станот во Капиштец, иако Александар рече дека џабе ќе одиме таму бидејќи веќе бил таму. Тој упорно повторуваше дека џабе го губиме времето оти Вања сигурно е киднапирана, ги објасни зборовите на таткото на Вања полицискиот началник.
Началникот рече дека му станало сомнително зошто Александар не излегува од автомобилот кога ја барале низ населбата Капиштец и на Водно.
Тој постојано повторуваше дека губиме време и оти Вања е киднапирана и убиена. Кога го прашавме зошто мисли така, тој даваше конфузни одговори. Кога ја прашавме мајката зошто е таков, таа немаше одговор, објасни Калишиќ.