Функционери на ДУИ планирале да УКРАДАТ И ИСПЕРАТ МИЛИОНИ ЕВРА преку КОЦКАРНИЦИТЕ
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, на Фејсбук објави дека фирмата „Хеј“, чиј договор за закуп на деловен простор на Државната лотарија Владата вчера одлучи да го раскине е „фирма на пратеник на ДУИ“.
Според Меџити, преку овој договор била планирана „масовна кражба и перење на милиони евра од страна на високи функционери на ДУИ“.
„Нема враќање назад. Со епидемијата на коцкање ќе се бориме до крај, а коруптивните шеми на политичките казиноџии ќе ги уништуваме без компромис. Ова е само почеток. Кулата изградена со коцкарски карти наскоро ќе се урне, додека нејзините проектанти ќе одговараат пред законот и пред народот“, пишува Меџити.