Од денеска достапни во аптеките новите девет лекови од позитивната листа
Од денеска во аптеките се достапни деветте нови лекови од позитивната листа. Според генериката, тие лекови се за крвен притисок, за срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за треТман на депресија и за деменција.
Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека до почетокот на идната година се надева дека ќе има уште неколку нови лекови.
– Денеска во аптека се во оптег 9 нови лекови. Јас се надевам дека до почетокот на идната година ќе има уште нови лекови, минимум два пати годишно ќе се обидеме да ја надополниме позитивната листа. Најдобро би било сите лекови да бидат на позтивината листа и ништо да не плаќаат граѓаните, меѓутоа ние сепак сме сиромашна држава и треба да рационализираме. Се надевам до почетокот на идната годин ќе имаме ново проширување можеби не со 9 нови лекови но со неколку сигурно. – вели Таравари.
Таравари го коментираше и случајот за докторката во Гевгелија каде таа прво специализирала потоа дипломирала. Тој изјави дека при вработување секогаш има проверка на документите, лиценца за положен државен испит и уверени за завршен факултет, меѓутоа како што изјави се случувало и во многу поразвиени земји да се отркие дека некој наводфно професионален доктор имал фалсификувана диплома.
– Проверка има секогаш вие за да вработите еден доктор и кога вработувате барате лиценца за положен државен испит уверение за завршен факултет. Не кај нас се случувало и во многи поразвиени државни после неколку години да се открие дека некој професионалец впрочем имал фалсификувана диплома или лиценца. Така секако контролата ќе продолжи меѓутоа има и контрола и при вработување тоа е стандардна процедурач. – рече Таравари.
По најавите дека поранешните економски директори по клиниките, сега ќе бидат ангажирани како советници Таравари откри дека нивните плати биле околу 1500 евра. Сега овие средства вели Таравари ќе се насочат за нови инвестиции во здравството и дека во иднина ќе има еден директор во цел клинички центар а неколку болници ќе се спојат со здравствени домови.