(ВИДЕО) КАКО НА ФИЛМ: Најмалку 8 загинати, 2750 повредени членови на Хезболах откако пејџерите им експлодираа во сајбер напад!?

Најмалку 8 луѓе загинаа, а 2750 се повредени во сајбер напад на Израел врз осомничени членови на Хезболах, во кој пејџерите што ги користат за комуникација — експлодирале, јавуваат либанските медиуми.

Официјален претставник на Хезболах, кој сакал да остане анонимен, изјавил за Ројтерс дека детонирањето на пејџерот е „најголемиот безбедносен прекршок“ со кој групата се соочила во речиси едногодишната војна со Израел.

Висок претставник на военото разузнавање и официјален претставник на либанска група, исто така, изјавија за Асошиетед прес дека пејџерите што ги носеле членовите на Хезболах биле детонирани.

Според АП, официјален претставник на Хезболах изјавил дека најмалку 150 луѓе, вклучително и членови на групата, биле ранети во различни делови на Либан кога уредите експлодирале.

Либанските медиуми јавуваат дека пејџерите со експлозив во Либан повредиле околу 1.000 луѓе.

Израел наводно хакирал комуникациски уреди што ги користел Хезболах, предизвикувајќи нивна експлозија.

Според извештаите, меѓу 1.000 ранети, најмалку пет се тешко ранети. Нема загинати, јавуваат либанските медиуми.

Во соопштението од кабинетот на либанскиот премиер се наведува дека тој бил информиран за „безбедносните инциденти што се случуваат во бројни региони“.

Репортерот на Ројтерс видел амбулантни возила како брзаат низ јужните предградија на либанскиот главен град Бејрут во услови на голема паника.

Жителите велат дека експлозиите се случиле и 30 минути по првите експлозии.

Меѓу повредените кои носеа пејџери кои експлодираа има борци и медицински лица од Хезболах, според новинската агенција.

Групи луѓе ги преполнија влезовите на зградите за да проверат дали има луѓе за кои знаеја дека може да бидат ранети, изјави репортер на Ројтерс.

Безбедносен извор рече дека уредите експлодирале и во јужен Либан.