ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат

Повторно се слушнаа експлозии во предградијата на Бејрут. Според извештајот на новинската агенција АФП, неколку воки-токи експлодирале во областа

Извори од милитантната организација Хезболах го потврдија овој инцидент. Засега не се познати причините за експлозиите, ниту има повредени или материјална штета. Состојбата се уште се следи, а повеќе информации се очекуваат во наредните часови.

„Бран од далечински експлозии е забележан низ Либан, вклучително и Бејрут. Се чини дека се вклучени автомобилски радија и други уреди. Во Бејрут беснеат пожари, а експлозии во куќи предизвикуваат повреди на цивили“, пишуваат медиумите.

Првите информации од терен укажуваат дека биле активирани илјадници направи и дека голем број луѓе се повредени.

Експлозиите доаѓаат само еден ден по нападот во кој експлодираа пејџери, користени главно од членови на Хезболах, при што загинаа 12 лица, а повеќе од 2.800 беа повредени. Експлозии беа пријавени во јужните предградија на Бејрут, како и во градовите Набатие, Тир и Саида во јужен Либан.

Извор од Хезболах потврди дека цел на нападот биле воки-токи користени од групата. Висок безбедносен извор изјави дека експлозиите биле со помал интензитет, слично како и вчерашниот напад, и нагласи дека безбедносните агенции дополнително ќе го истражат овој случај.

Ројтерс, исто така, јавува дека комуникациските уреди кои експлодираа во денеска попладне биле рачни радија. Според извори на Ројтерс, најмалку една од експлозиите се случила во близина на погребот организиран од Хезболах за загинатите претходниот ден, кога пејџерите користени од групата експлодираа низ Либан.