Аларм за матни зделки во Oпштина Струга -Подготвува ли Mерко милионски бизнис со странска фирма за улично осветлување?
Струшката локална власт на чело со Рамиз Мерко се обидува нелегално и надвор од сите законски процедури да го протурка милионскиот проект за давање на уличното осветлување под концесија по пат на јавно приватно партнерство за период од десет години. Компанијата која што ја избрал Мерко е од Виена. За манипулациите кои што се прават проговорија дел од градските советници.
“Позадната е во целата нелегална постапка бидејќи првото нешто кое градоначалникот и администрацијата го направија дадоа некакво интро,некаков вовед за запознавање со можен партер.Тоа е нешто што се случува на крај, што доаѓа по јавен оглас тоа е класична тендерска постапка во која што се бира најдобриот понудувач.Не можете Вие да го донесете лицето или фирмата која што сте ја одбрале па потоа ги терате сите други постапки”-вели Никола Кукунеш –советник ВМРО ДПМНЕ
Договорот со претходниот оператор е истечен, но од Алијанса на албанците сугерираат општината сама да го одржува постојното уличното осветлување во наредните 5 години, а потоа да се бара нов концесионер. Тие се сомневаат дека се работи за матна зделка,оти стопанисувањето со осветлувањето е вносен бизнис од кој во општинската каса годишно се влеваат околу 1 милион евра.
“Носителот на овој процес за изработка на физибилити студија за јавно приватно партнерство за осветлување на град Струга е ставен на црната листа на САД меѓудругото и за голема корупција, што создава мислење од наша страна дека не треба да биде дел од тој процес односно истиот да се случува во 2029 година, со што ќе се создадат сериозни услови да имаме квалитетно јавно осветлување во Општина Струга”-вели Лулзим Насуфи-Алијанса на албанците
Стружани негодуваат кога е во прашање уличното осветлување.
–“Ние живееме во село,ама осветлување треба да има,затоа што тендерите се земени, општината вероватно си плаќа,ама не го одржува што е нивна грешка.Дали сте забележале ноќно време низ градот да нема светла? Да има и такви случаи што нема светло.-Па би требало да има светло,нема само тука во градот и во село,заради што и ние плаќаме ако сме во село,ама во Струга веќе сме е пропаднато не верувам некогаш дали ќе биде добро”-велат граѓаните
Стружани се присетуваат на реструкциите кои беа актуелни посебно лани кога градот тонеше во мрак,уличлно осветлување немаше нити пред училиштата,па родителите беа принудени да ги чекаа децата по завршување на наставата.
Извор: Алфа ТВ