Фрчкоски поднесе оставка од местото амбасадор и постојан претставник во ОН

Професорот Љубомир Фрчкоски поднесе оставка на местото амбасадор и постојан претставник на  Македонија во ОН во Њујорк, јавува Либертас.
Оставката Фрчкоски ја поднел на претседателката Гордана Силјановска – Давкова и за тоа го известил МНР.

Професорот Фрчкоски очекува оставката да биде усвоена и да биде разрешен од функцијата со Указ на Претседателката, како што и е назначен.

На прашањето дали тоа и како ќе се одрази на работата на Мисијата на РМ во Њујорк Фрчкоски одговора:

Не мислам дека на било каков начин тоа ќе се одрази на функционирањето во техничка смисла на Мисијата која и до сега работела само бирократско-технички. Но има, за жал, шанса да се направи голема штета и срам за државата во една конкретна смисла и по повод еден конкретен случај, вели Фрчкоски.