МНР со остра осуда за заканите кон новинарот Видиновски од бугаринот Стојанов
Министерството за нaдворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува заканите упатени на социјалните мрежи кон македонскиот новинар Александар Видиновски од страна на лицето Виктор Стојанов за репортажа објавена на телевизијата Канал 5.
Претседателот на Бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов му се закани на новинарот Александар Видиновски за репортажа за Македонците во Албанија.
Бидејќи Видиновски во својот прилог кажува дека таму нема Бугари, Стојанов директно му се заканува дека треба да престане да лаже и дека тоа е кривично дело за кое се оди во затвор.
„Кажувате дека нема Бугари. За тоа се одговара кривично зошто има декларирани 7.080 Бугари.Треба ли да лежите затвор за да се научите да не лажете?“, стои во коментарот на Стојанов.
Инаку, по објавување на пописните резултати во Албанија кои покажаа дека има повеќе Бугари од Македонци, Виктор Стојанов објави видео на Фејсбук, на профилот на Фондацијата Македонија каде седи со едно момче кое тврди дека е Бугарин и кажува дека требало да го дадат на суд, Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ затоа што кажувал дека Бугарите делат бугарски пасоши на Македонците во Албанија. Пред и за време на пописот, македонските здруженија од Албанија тврдеа дека Бугарите делат мобилни, таблети, нудат пасоши, студии во Бугарија. Инаку, Бугарија изрази задоволство поради бројот на луѓе кои во Албанија се изјасниле како Бугари.
Министерството за нaдворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува заканите упатени на социјалните мрежи кон македонскиот новинар Александар Видиновски од страна на лицето Виктор Стојанов за репортажа објавена на телевизијата Канал 5.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува директните закани кон колегата од Канал 5 телевизија Александар Видиновски и бара од надлежните институции да постапат по очигледната закана по безбедноста на новинарот.
Секоја форма на притисок, закани или вербални напади врз новинарите и медиумските работници претставува и закана за слободното изразување и слободата на медиумите, и лесно може да ја загрози работата на новинарите која е од јавен интерес.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за овој случај веќе сигнализираше кај бугарските колеги преку механизмот за борба против говор на омраза воспоставен согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со цел негово евидентирања и соодветно постапување од страна на надлежните органи, соопшти МНР.
Извор: Канал 5 ТВ