ЗА АЛБАНСКА МАНУ СЕ ОГЛАСИ И КАРАКАМИШЕВА: Академиите се поврзани со нацијата, не со етникумите!

Деновиве актуелна е темата околу иницијативата на Вреди за формирање на Албанска Академија на Наука и уметности.
По тоа прашање реакции пристигнаа од сите страни, а се огласи и професорката Тања Каракамишева.
Таа вели дека науката и уметностите се универзални категории.

„Тие немаат етничко, туку вредносно значење!

Тие не се мерат и не се споредуваат на светската скала според етничките параметри, дали некој научник или уметник е припадник на една или на друга етничка група, туку според тоа дали сознанијата или уметничките дела имаат научна и вредносна тежина согласно светски утврдените параметри.

Науката и научните сознанија немаат вредност според тоа дали некој научник е Турчин, Ром, Албанец или Германец, дали тој како етнички припадник на етничка група ги утврдил и елаборирал своите научни сознанија. Не, научните сознанија се ценат и вреднуваат според научната тежина на сознанијата на светско ниво.

Се мери умот на научникот, не етничката припадност!
Се мери колку научните сознанија се научно поткрепени и издржани!
Науката не смее да биде етнифицирана, таа не е, ниту некогаш била етничка категорија.
На науката најмалку што и треба е да биде злоупотребувана во етнички контекст. Тоа е сквернавење.
Секаде во светот Академиите за наука и уметности се национални установи поврзани со нацијата, со државата, а не со етникумите!“, смета таа.