Владата побара да се врати оградата на владината зграда, а Томовски покажа во каква состојба е: АКУТНА НЕГРИЖА!
Владата денеска на седница ја задолжи Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да почне постапка за враќање на оградата на владината зграда, која веќе еднаш беше поставена.
Директорот на СОЗР, Ивица Томовски информирал оти оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка.
-Денес Владата ја задолжи Службата за заеднички и општи работи да ја врати оградата која беше поставена околу владината зграда, но насилно извадена од страна на претходната власт и заменета со дотраени полициски огради наменети за разбивање на граѓански собири, истакна тој.
Оградата е лоцирана и истата е во незавидна состојба, што може да се види и од објавените фотографии.
– Она што е посебно фрапантно е акутната негрижа кон државниот имот. СОЗР ќе направи напори со сопствени сили да ја стави оградата на нејзиното вистинско место во најкус период, објави Томовски.