(Видео) Атентаторот, пред настанот: ГО МРАЗАМ ТРАМП, ГИ МРАЗАМ РЕПУБЛИКАНЦИТЕ!

Томас Метју Крукс (22) е идентификуван како напаѓачот кој се обидел да го убие поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Тој пред атентатот објави видео на социјалните мрежи во кое вели: „Јас сум Томас Метју Крукс. Ги мразам републиканците, мразам Доналд Трамп“.

Вооружениот напаѓач Томас Метју Крукс, осомничен за нападот на поранешниот претседател Доналд Трамп за време на неговиот предизборен митинг во Пенсилванија, бил регистриран како 20-годишен републикански гласач, но донирал 15 долари на организација симпатична на Демократската партија, пренесува CNN.

ФБИ го идентификуваше осомничениот напаѓач на Трамп како Томас Метју Крукс, кој живеел во Бетел Парк, предградие на Питсбург, на околу 80 километри јужно од локацијата каде што се одржа митингот на Трамп, пренесува Си-Ен-Ен.

Крукс завршил на средното училиште Бетел Парк во 2022 година, објавија локалните медиуми, а записите на Федералната изборна комисија покажуваат дека донаторот Томас Крукс со иста адреса како напаѓачот донирал 15 долари во јануари 2021 година на организација за политичко дејствување во корист на Демократска партија.

Според официјалните информации од надлежните безбедносни служби, Крукс пукал во Трамп од покривот на блиската зграда надвор од безбедносната зона околу локацијата каде што се одржувал состанокот, а потоа бил ликвидиран од агенти на Тајната служба.

„Напаѓачот немал никаква идентификација на себе, поради што агентите морале да ја проверат неговата ДНК и да добијат биометриска идентификација“, рече Кевин Роек, специјален агент задолжен за теренската канцеларија на ФБИ во Питсбург.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dan Carr (@danqcarr)

Comments are closed.