Мицотакис ја обвинува Македонија, а со години бескурпулозно го крши Преспанскиот договор

Грчкиот премиер Мицотакис со недели ја обвинува Македонија односно претседателката Гордана Сиљановска Давкова и мандатарот Христијан Мицкоски за непочитување на Преспанскиот договор а паралелно со години бескурпулозно го крши договорот кој носи обврски за двете земји.

Водека владата на СДСМ и ДУИ спроведоа и работи кои не мораа цели 45 месеци откако е дојден на власт Мицотакис не ги спроведува одредбите од Преспа и не дава никакви оправдувања за нив.

Како што објавува во анализа диоианилката на МИА од Атина согласно Договорот, Советот за соработка на високо ниво предводен од премиерите на двете земји, „ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа Спогодба и Акцискиот план кој ќе произлезе од истата“.

Досега Мицотакис ниту иницирал ниту прифатил ваква средба иако има обврска да го стори тоа.

Првата и единствена меѓувладина седница била одржана во Скопје во април 2019 година, при посетата на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас, додека пак на втората домаќин треба да биде Грција.

Грција никогаш не упатила покана за исполнување на нејзината обврска.

Паралелно, грчкиот премиер сè уште не бил во официјална, работна или неформална посета на Скопје, ниту пак била договорена возвратната посета на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, по официјалната на Атина од претходниот претседател Стево Пендаровски.

Паралелно, грчкиот премиер сè уште не бил во официјална, работна или неформална посета на Скопје, ниту пак беше договорена возвратната посета на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, по официјалната на Атина од претходниот претседател Стево Пендаровски.

Ова се само дел од работите кои Грција морала да ги спроведе а никогаш не го сторила тоа но сепак грчкиот премиер со недели ги напаѓа Македонија, Сиљановска и Мицкоски за неспроведување на Преспанскиот договор.