ПОРАДИ НЕПРИЈАТНА МИРИЗБА ЗАТВОРЕНИ ХИРУРШКИ САЛИ, Обвинителството ќе испитува
Хируршките сали на Клинички центар се затворени повеќе од една седмица поради непријатната миризба која се ширела. Министерството за здравство за ова испратило претставка до Јавното Обвинителство, па сега обвинител ќе истражува дали има кривично дело во случајот.
Неофицијално бил испрашан претставник на Министерството за здравство, а изјави треба да дадат и директорите на хируршките клиники.
Во функција се три сали кои се оспособени да примаат итни случаи, сите други се препраќаат во други болници или мора да чекаат.
Од Министерствот за здравство нема никакви детали за целата ситуација, но министерот Демири најави прес конференција за в понеделник.
За проблемите во зградата на хируршките клинки се огласија и од ВМРО ДПМНЕ . Ги обвинија СДСМ и ДУИ дека го уништуваат здравството до последен ден.
-Цела недела 4 лифта не работат, ниту двата мали кај влезот, ниту двата кај трауматологија, па пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали! Цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, цела недела нема испитување што е, што мириса, дали е загадено, дали навистина има јаглерод диоксид, рече на прес конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.