Градоначалник и партиски активисти фатени при поткуп со бонови за гориво и храна

Партиски активисти на една владеачка партија во Крива Паланка денеска се фатени при поткуп со бонови за гориво.

Активистите меѓу кои е и актуелен градоначалник во моментов даваат исказ во полициска станица откако полициски службеници на лице место ги фатиле како се обидуваат да вршат изборен поткуп.

Предходно вчера исти активисти беа фатени како нудат бонови за храна на гласачи.

Казните за кривичните дела со кои се соочуваат се и до 10 години затвор.

Предходно во Охрид се приведени две лица за систем за лажирање во првиот круг на претседателските избори.