Ученик претепал наставничка и соученици во училиште во Скопје

Ученик претепал наставничка во скопското основно училиште „Димо Хаџи Димов“ во Влае, потврдија за Телма од МВР.

Ученикот нападнал повеќе деца во училиштето на голем одмор. Кога дежурната наставничка по географија сакала да ги раздели, тој ја турнал на земја, ја удирал по глава, ѝ го фрлил мобилниот телефон и ѝ се заканувал.

„Наставничката добила лекарска помош од Итната помош, таа се жалела на повреди на главата и вознемиреност. Ученикот и претходно правел слични проблеми, станува збор за дете без родители. Згрижено е во групен дом. Тоа е на возраст под 14 години и не може кривично да одговара. Известени се надлежните институции за социјални работи“, информира Телма.

Случајот и инцидентот се пријавени во полициската станица во Карпош.