„Корупцијата е епидемија, канцер во државата, обвинителите и судиите треба да кажат „доста е“, рече Агелер за ТВ21
„Корупцијата тука има навлезено во сите сектори, во сите гранки на Владата, на бизнисите. Луѓето во Северна Македонија се соочуваат со корупција во секојдневниот живот“.
Ова вчера во интервју за ТВ21 го кажа амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
Агелер кажа ека корупцијата е епидемија во државата, и дека тие луѓе се крадци.
„Корупцијата е епидемија, канцер во државата. Тие кои вршат корупција, се крадци. Крадат од државата и нејзините граѓани“, рече Агелер.
Се осврна и на судството и обвинителството, за кое кажа дека многу пари се вложуваат во македонското судство, а резултатите ги нема.
„Во судсвото е потребно да има обвинители, судии, истражувачи кои ќе кажат „Доста е“. Многу пари се вложуваат во судството, а каде се резултатите?“, праша Агелер.