Убијците на Данка се монструми и психопати: По ужасот кој го направиле, седнале во кафеана да пијат пиво

Како што пишува српски Телеграф, откако ја убиле малата Данка, Срѓан и Дејан отишле во кафеана на пиво, а потоа се вратиле во компанијата и нормално си ја продолжиле работата.

Убијците на Данка Илиќ по извршеното кривично дело отишле во кафеана на пиво, а потоа се вратиле на работа.

Работниците на „Водовода“ во Бор, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, по сопствено признание ја убиле малата Данка Илиќ (2), а телото го фрлиле на депонијата во Бањско Поље.

Како што прво објави Информер, двајцата со автомобилот ја удриле Данка, а потоа едниот излегол од возилото и со голи раце го задавил девојчето кое лежело на патот и плачело. После тоа, телото го ставиле во багажникот, а потоа отишле во блиската депонија и го закопале со ѓубре.

Сепак, она што го направија после тоа најдобро кажува какви психопати и чудовишта се тие. Како што пишува српски Телеграф, откако ја убиле малата Данка, Срѓан и Дејан отишле во кафеана на пиво, а потоа се вратиле во компанијата и нормално си ја продолжиле работата.

Да потсетиме, двегодишното девојче од Бор, Данка Илиќ, исчезна на 26-ти март годинава додека беше на семејниот имот со нејзината мајка Ивана и нејзиниот едногодишен брат, а по 10 дена потрага за неа, двајца вработени во ЈКП Водовод, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се уапсени.

ПИНК објави и фотографии од овие монструми.