Ахмети: ДУИ ќе победи и мора да биде во идната влада!

Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека потенцијален партнер во идната влада би можела да биде коалицијата „ВРЕДИ“, лидерот на ДУИ Али Ахмети предупреди да не се повтори „грешката од 2006 година“ кога во владата влегла второрангираната, а не победничката партија кај Албанците.

„Опозицијата да не ги прави грешките што ги направи мојот поранешен колега во 2006 година – тогашната партија ја направи таа грешка и плати висока цена“, порача Ахмети синоќа од Дебар.

Во 2006 годинаа ВМРО-ДПМНЕ состави влада со ДПА, партија која тогаш освои помалку мандати од ДУИ.

„Ние Албанците не сме претставници на малцинство, ние сме легитимни претставници на огромното мнозинство Албанци, а сега во Фронтот се и ромската, турската и босанската заедница.

Одлучува народот’, рече Ахмети во Дебар и најави голема победа на Европскиот фронт на 8-ми мај.

Мицкоски, јавно испрати порака до ДУИ – да не му праќаат ни абери ни емисари  зашто нема дилема дека времето на ДУИ е завршено.