29-годишнен прилепчанец загина во сообраќајката на Плетвар

29-годишник од Прилеп загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 18 часот на патот Прилеп-Градско, објави прилепскиот портал „Маркукуле“, повикувајќи се на полициски извори. Според првичните информации, во несреќата учествувале патнички автомобил со прилепски регистарски ознаки и камион цистерна. Момчето починало од здобиените повреди во сообраќајката.

Поради сообраќајната несреќа на магистралниот пат Прилеп – Градско, меѓу крстосницата за село Ореовец и село Плетвар, сообраќајот беше во целосен прекин од 18 часот, а од 21 часот соообраќајот се одвиваше наизменично по една коловозна лента.

Се очекуваат повеќе детали.