Ова е Ванеса од Кавадарци, МАЈКА НА 7 ДЕЦА, која беше убиена од сопругот

Денеска на градските гробишта во Есен, Германија, е погребана Ванеса П. од Кавадарци која беше свирепо убиена. Таа е мајка на седум деца од кои најмалиот син има само осум години беше свирепо убиена од страна на нејзиниот сопруг и татко на нејзините деца.

По нејзиниот сопруг, 47-годишен маж, по потекло од Скопје, првин била распишана потерница, но потоа без пружање на отпор се предал на полицијата и се наоѓа во притвор, пренесува Фокус.

Братот на Ванеса, Бесим Алија за ,,Фокус” раскажува што се случувало.

-Пред девет години сестра ми со семејството се пресели во Германија, во потрага по подобар живот. Но, бракот и беше пекол. Тој беше премногу љубоморен, постојано ја контролираше, не ја пушташе да оди ниту во маркет. Не и дозволуваше да зборува со фамилијата, таа не смееше да дојде ниту кај мене. Постојано трпеше закани, и се закануваше дека ако дојде кај мене, ќе ме убие мене и ќе ги убие моите деца! Само за да нема проблеми со него, таа ме блокираше мене и сите роднини на телефон, но на крај сепак заврши на еден таков свиреп начин, усмртена пред очите на синот, раскажува братот.