Возрасните ќе можe да купат до 50 грама месечно, помладите од 21 година до 30 грама – Германија ја легализира марихуаната во рекреативни цели

Германскиот парламент денеска одобри закон со кои се либерализираат државните закони за канабис, овозможувајќи декриминализација на ограничени колични на марихуана и дозвола за населението да ја купува за рекреативни цели.

Законот предвидува легализација на поседување до 25 грама марихуана кај возрасни лица во рекреативни цели и овозможување на поединци да одгледуваат со три стебла од растението. Тој дел од законот треба да стапи во сила од 1 април.

Германските граѓани кои имаат 18 и повеќе години ќе може да се придружат на непрофитни „клубови на канабис“ со најмногу до 500 членови, почнувајќи од 1 јули. На клубовите ќе им биде дозволено да одгледуваат канабис за лична употреба на нивните членови.

Поединци ќе може да купуваат до 25 грама дневно или максимум 50 грама месечно, а за помладите од 21 година ограничувањето ќе биде до 30 грама. Членство во клубови нема да биде дозволено за нив. Трошоците на клубовите ќе се покриваат од членарини, чиј износ ќе зависи од бројка на членови кои се конзументи.

Законот пропишува забрана за рекламирање или спонзорирање на канабис, а отворање на клубови и користење на марихуана нема да биде дозволено во непосредна близина на училишта, игралишта и спортски објекти. Проценка на влијанието на законот на заштита на децата и младите ќе се направи во рок од 18 месеци од стапување во сила на законот.

Главниот деничарски опозициски блок беше против новото законско решение. Планот е значително променет во однос на првобитните владини предлози кои предвидуваа овозможување на продажба на канабис за возрасни во лиценцирани продавници ширум земјата. Измените во проектот беа направени по разговорите со Извршната комисија на Европската Унија.