Дали Пендаровски призна дека партијата на Палчо е проект на СДСМ за да откине гласови од ВМРО-ДПМНЕ?

Призна ли Пендаровски дека партијата „Десна“ на Палевски е проект на СДСМ за да „украде” гласачи десничари?

Ова е прашањето кое го поставува Богдан Илиевски по изјавата на претседателот Ковачевски кој вели дека политичките лидери на поголемите политички партии имаат интерес да ги „одгледуваат” лидерите на помалите политички лидери со цел да откинат некој глас на политичките ривали.

Според тоа што го изјавува Пендаровски, не се исклучува можноста да „Десна“ е проект на СДСМ, чиј претседател долги години беше активист и член на СДСМ, а последниве години во јавноста се претставуваше како ултра десничар, само за да се откинат дел од гласовите кои треба да се слеат на контото на ВМРО-ДПМНЕ.

До овој момент, нема ниту признание ниту демант од страна на Пендаровски.